Во изминатото деноноќие, во ковид центрите во главниот град се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа, на интерните клиники имало пет приеми. Во текот на изминатиот ден пак, дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Вкупно 249 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 92 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.