Во Скопје зголемена полициска присутност и контроли

од Vladimir Zorba
87 прегледи

МВР ги зајакна мерките за безбедност на одредени објекти или места. Од полицијата заТелма изјавија дека се постапува согласно планот за зајакнати мерки и активности во градското подрачје на СВР Скопје и се постапува по истиот .

policija-1стоп

Поради ваквата одлука забележително е поголемо присуство на полицијата околу дрѓавни објекти и институции, по трговските центри и места каде има поголема фреквенција на граѓани. Оваа мерка уследи по неодамнешните бомбашки напади во Париз во кои загинаа 127 лица и по терористичкиот напад во Сараево во кој беа убиени двајца војници.