Во Скопје ЗОО доби нов член – бебе лемур

од Vladimir Zorba

Скопската зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот. Прстенопашестите лемури се загрозен вид и во природата се останати само околу 2200-2400 лемури, соопштија денеска од Скопје ЗОО.

Колку за споредба, велат оттаму, минатата година се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Москва и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија.

„Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид.
Заедно со сите вас, да ја покренеме свеста за овие прекрасни и уникатни животни од Мадагаскар“, истакнаа од Зоолошката.

Слични содржини