Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспектора утринава упаднале во еден скопски хотел каде што граѓани биле повикани на бесплатен здравствен преглед, од како што им било соопштено, Светската здравствена организација, дознава НОВА. Во моментот кога влегле инспекторите, тие ја прекинале презенатација на фирма од Белград која промовирала апарат за квантна медицина, а после тоа, требало да следува и бесплатен здравствен преглед на апаратот.

Инспекторите отишле таму по јавување од граѓани кои тврделе дека биле вознемирувани и повикувани по телефон да дојдат на бесплатен здравствен преглед. Од каде ги добиле нивните телефонски броеви и податоците за нивната здравствена состојба не им било објаснето.
“Нашите инспектори влегоа во моментот додека се вршела презентацијата и не го затекнале моментот кога требало да се врши преглед. Влеговме во 10 часот додека беше првата група, а втората била закажана за 13 часот. Станува збор за белградска фирма која имала фирма ќерка во Скопје. По прегледите пацинетите добивале белешки за нивната здравствена состојба. Во тек е земање на податоци и прекинати се “обуките“ по интервенција на ДСЗИ“, изјави за НОВА, Ирина Бухова директорка на ДСЗИ.
Повеќе на НОВА на следниот линк.