Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во следните седум дена можеме да очекуваме да стигна нарачаната количина од 500 илјади дози на „Синовак“.
„Утрово стигна таа информација за „Синовак“. Добра вест е дека тоа што е одделено како количина за нашата земја е во спакувани кутии со шприцеви, што го олеснува процесот за имунизација. Оставам резерва тоа да се промени, гледате со што се соочуваме, но верувам дека оваа најава ќе се оствари “, кажа Филипче