Во Словенија 15 новозаразени и уште еден починат

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Во Словенија на дневна база се пријавени 15 новозаразени со коронавирус, откако беа извршени тестирања на 1.161 лица, а едно лице почина од КОВИД-19, со што бројот на загинатите достигна 81, потврди словенечката влада денеска.

Досега се извршени 48.177 тестови за новиот коронавирус, а зараза е потврдена кај 1.388 лица.

Во моментов се хоспитализирани 77 лица, од кои 23 се во одделенија за интензивна нега, а уште четири лица се отпуштени од болниците во петокот.

Бројот на хоспитализирани пациенти е стабилен во изминатата недела, додека бројот на сериозно болни пациенти во единиците за интензивна нега е намален.

Ситуацијата останува најтешка во старечки домови, чиј персонал во петокот организираше протестен митинг, жалејќи се на тешките услови за работа и тврдејќи дека тие домови со ранливо население се претворени во клиники за заразени.

Во саботата за првпат беше потврдена инфекција на три словенечки војници, имено оние во мировната мисија во Косово, каде што има поголем број припадници на словенечката армија од сите други мисии заедно.

Заразата беше потврдена во тројца војници на словенечката армија кои учествуваа во мисијата на НАТО во Косово, а беа задржани во изолација во базата „Филм Сити“ во Приштина.

Нивното здравје е добро, соопшти словенечката армија. Според соопштението, овие војници ќе бидат вратени дома во Словенија „што е можно поскоро“.