Во Словенија три нови случаи на инфекција со коронавирусот

од Nikola Popovski
106 прегледи

Во последните 24 часа во Словенија, уште три лица биле тестирани позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се искачи на 1.499.

Нема нови смртни случаи од последиците од Ковид-19 во Словенија од 1 јуни, кога беше забележано дека оваа болест однесе 109 животи од почетокот на епидемијата.

Три нови случаи на инфекција во Словенија се потврдени меѓу 567 лица, колку што биле тестирани за коронавирусот во текот на претходниот ден, објави агенцијата СТА.

Словенија има уште 24 активни случаи на инфекција. Седум пациенти се хоспитализирани, а еден од нив бил сместен во единицата за интензивна нега и е во критична состојба.