Во Словенија заврна снег

од desk2
36 прегледи Фотографија: Стопкадар од вебкамера Кредарица

По минувањето на големата студена воздушна  маса, во Словенија температурите паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат снежна покривка. Станува збор за надморски височини над 2 200 метри, објави словенечката агенција за животна средина (АРСО).

На видеопреносите од вебкамерите на Кредарица и Канин јасно се гледаше снегот. На највисоката метеоролошка станица на Кредарица во 10 часот беа измерени 0 Целзиусови степени.