Во собата каде што спиеше Палчо имаше пиштол во футрола – сведочеше член на „Десна“

од Nikola Popovski
200 прегледи

„Пишете му на Илон Маск за да ни помогне да ја најдеме Вања преку сателит“, вака сведочеше блиска роднина од семејството на Вања Ѓорчевска што ѝ велел таткото Александар додека трагале по девојчето.

Сведокот рече дека прегледувале снимки, кои ги носел таткото на Вања. За тоа време, таткото Александар Ѓорчевски ѝ велел на мајката да не се секира и дека ќе ја најдат Вања.

„Постојано излегуваше, доаѓаше, беше вознемирен. Едно време ми велеше да пратам порака на Илон Маск за да ја најде преку сателит“, рече сведокот Маја Спироска, прва братучетка на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.

Рочиштето продолжи со сведочења на Лита Ќириќ и нејзиниот сопруг Ѓорѓи Џолев, кој е член на партијата Десна.

Ќириќ сведочеше дека таа била сопственик на возилото „Рено кангу“ во кое според обвинителството бил Палевски кога била киднапирана Вања. Кажа дека возилото го дале на партијата за селењето на седиштето од Кисела Вода во Центар кај „Веро џамбо“. Потоа возилото останало во партијата.

Џолев зборуваше за неговите активности во партијата. Меѓу другото, кажа дека додека седиштето на партијата било во Кисела Вода видел пиштол во футрола, за кој претпоставил дека бил на Палевски.

„Тоа беше во штабот на Десна кај Шампионче. Во собата каде што спиеше Палчо имаше пиштол во футрола. Пиштолот беше во темна боја, темна или црна… Не прашав поради која причина е пиштолот тука“, рече Џолев.

Обвинителката потоа праша: Не ви беше чудно зошто има пиштол во политичка партија?

„Можеби не сум можел да прашам бидејќи имаше и други лица. Не ми е јасно чив беше тој пиштол, но мислам дека беше на Палевски“, рече Џолев кој кажа дека често донирал на партијата.

Уште еден сведок кој се појави денеска на рочиштето во Кривичниот суд, Кирил Тренчовски, рече дека видел пиштол во штабот на Десна во Кисела Вода.

Слични содржини