Во Собранието денес ќе се конституира Интерпартиската група за правата на лицата со хендикеп

202 прегледи

Денес во Законодавниот дом, ќе се оддржи работна средба врзана за конситуирање на Интерпартиска парламентарна група насочена кон правата на лицата со хендикеп.

Имено, во рамки на тоа, од Собранието ќе се обратат претседателот, Талат Џафери, како и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

На средбата, како што е познато, ќе биде презентиран краток историјат за досегашната работа на ИППГ, по што ќе биде конституирана Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, а ќе бидат избрани и нејзин претседавач и заменик-претседавачи.