Во Собранието ќе се донесе ново Упатство за примена на етичкиот кодекс на пратениците

273 прегледи

Комисијата задолжена за деловнички и мандантно-имунитетни прашања во Собранието, во рамки на денешната седница донесе заклучок за воведување на ново Упатство за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците.

Ова следува по расправата за спроведување на препораките од ГРЕКО во рамки на Упатството за примена на Кодексот за етичко однесување на претставниците во законодавниот дом.

Како што пренесува МИА, според претседателот на Комисијата, Панчо Минов било договорено да се пристапи кон ново упатство, чија цел би била подобрување на довербата на граѓаните во пратениците од Собранискиот состав.

Минов посочи и дека треба да се прецираат и да се доуредат одредени работи, посочувајќи на примери како судир на интереси, добивање подароци, во кои случаи пратениците ќе мора да сносат санкции…

На Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања како прва точка требаше да се расправа и за спроведувањето на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието. На барање на опозицијата оваа точка била одложена за пратеничките групи да можат уште еднаш да се координираат.

Слични содржини