Во сообраќајна несреќа на Плетвар загина момче од охридско

од desk2
146 прегледи

Дваесетгодишно момче М.М. од с. Слатино, охридско, го загуби животот во судар на автомобил и мотор, што се случил вечерва на планинскиот премин Плетвар.

На местото на настанот во тек е увид, сообраќајот е во прекин.

Од полицијата велат дека несреќата се случила околу 17:20 часот, а во истата учествувале автомобил „Фиат“ управуван од 45 годишната Н.К. од Крушево и мотоцикл „Јамаха“ управуван од 20 годишното момче.

По ударот, момчето починало на лице место, а смртта била констатирана од страна на екипа на Итна медицинска помош.

Возачот на Фиатот и сопатник од возилото со Брза помош се однесени во прилепската болница.