Шестгодишно девојче од Тетово го загуби животот откако како пешак било удрено од возило околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира Тетовската  полиција. Во девојчето удрил автомобил фолксваген голф управуван од 30 годишник од село Фалише.

„Од удирарот девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во Тетовската клиничка болница подлегнало. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка“, посочи портпаролот Марјан Јосифоски.

Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.

Слични содржини