Во Советот на Тетово влегуваат шест партии, најмногу советници ќе има Беса

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) по изборите, во Советот на Тетово влегуваат шест партии.

Најмногу гласови освои Беса – 9.620, потоа ДУИ 8.702, ВМРО-ДПМНЕ 3.332, СДСМ 1.953, Алтернатива 1.118 ДПА 1.058. Со тоа, бројот на советници кои ќе ги добие Беса во Советот е 12, ДУИ ќе има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ -4, СДСМ – 2 и Алтернатива и ДПА по еден.

Во претходниот совет на Тетово, најголем број советници имаше ДУИ.

Слични содржини