Во специјална корпа со хеликоптерот дедо Павле пренесен во „8-ми Септември“

од Берта Китинска
327 прегледи

Алпинистички тим на полициските „Тигри“ со полициски хеликоптер организираа успешна акција за спасување на дедо Павле Луканоски (78), повозрасен болен и изнемоштен човек од Галичник.

-Денеска во координација меѓу Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи (МВР) е успешно реализирана спасувачка акција за спасување, евакуација, на повозрасно болно и изнемоштено лице од Галичник со хеликоптер до Медицински центар во Скопје. Прво е добиена дојава во Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Гостивар за состојбата со лицето и ситуацијата за отсеченост заради снежните наноси што го попречуваат патот кон селото, информираше првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов преку својот Фејсбук.

Тој објасни дека по направената координација меѓу Оперативниот центар во Секторот за координации, директорот на ЦУК со институциите коишто можат да помогнат е одлучено да се дејствува од воздух.

-За таа цел МВР ги ангажирало Хеликоптерската единица и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ на МВР, коишто утрово ја извршија задачата и болното и изнемоштено лице е пренесено за соодветно лекување во болницата „8-ми Септември“во Скопје.Инаку, претседателот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ, не информираше дека тие во неделата прво со свои локални сили со ратрак на жител од Галичник се обиделе да го пренеат болниот, кој западнал и делумно и во бесознание. Но, заради тешките теренски услови се случил дефект и поминиле низ голгота за да го вратат на безбедно. За среќа вчера успеале да го стабилизираат болниот и утрово да се реализира спасувачката акција од воздух со витло. Тоа значи дека болниот е подигнат во специјална корпа, носилка, од земја во хеликоптерот додека лебди во првиот момент кога временските услови го дозволиле тоа, напиша Ангелов.

Слични содржини