Во Србија 39 лица се заразени со западнонилска треска

од Radmila Tasevska
364 прегледи

Во Србија годинава се регистрирани 39 случаи на западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен институт на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Институтот додаде дека поголемиот дел од заболените од западнонилска треска имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста – менингитис или енцефалитис – и се лекуваат во болница.

Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува преку заразени комарци. Сезоната на заразување со овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември.

Најголем дел од заболените годинава се мажи (64 отсто), додека просечната возраст на сите пациенти е 64 години. Повеќето од пациентите (70 проценти) имале и некоја друга болест, најчесто дијабетес и хипертензија.

Слични содржини