Во Србија денес 36 жртви на вирусот, 3.304 новозаразени

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Во изминатите 24 часа 36 лица починаа од последиците од коронавирусот во Србија, регистрирани се 3.304 нови случаи, а тестирани се 11.711 примероци, објавено е денес на порталот covid19.rs.

На болничко лекување се наоѓаат 7.794 лица, а на респиратори 292. Вкупниот број на смртни случаи е 5.458, а стапката на смртност е 0,88.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 617.669 случаи, а тестирани се 3.483.666 примероци.

Досега се дадени вкупно 2.567.692 дози вакцини во Србија, а 1.090.763 граѓани ги добиле обете дози, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија.