Во Србија е зголемен бројот на заразени со ковид: Засега нема регистрирани со новиот вид FLiRT.

од Илинка Илиоска
62 прегледи

Професор д-р Верица Јовановиќ, директор на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, утринава истакна дека во Србија е зголемен бројот на заразени со ковид, но дека засега нема регистрирани со новиот вид FLiRT.

Во Србија има зголемен број на позитивни случаи на корона, а овој вирус е присутен во сите возрасти, но засега нема никаков ризик по јавното здравје, вели д-р Верица Јовановиќ, гостин во „РТС“.

– Евидентираме голем број на позитивни случаи, кои не влијаат на промената на епидемиолошката слика, со што сите би не ставиле во ризик. Потсетуваме на важноста од примената на заштитните мерки, особено кога станува збор за состојбата со хронично заболување кај лицата кои се во повозрасна возраст – посочува д-р Јовановиќ.

Слични содржини