444
Просечната возраст на жените во Србија минатата година била 45,2 години, а на мажите 42,4 години, објави денеска Републичкиот завод за статистика (РЗС).
Очекуваниот животен век кај жените е 78,1 година, а кај мажите 73 години.
Најголемо учество на старите лица во вкупното население имало во возрасната група од 65 до 69 години, осум отсто жени и 7,2 проценти мажи.
Најмало учество во вкупното население има возрасната група над 85 години – 2,2 отсто жени и 1,3 проценти мажи, соопшти РЗС по повод 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица.