Во Србија нови 7 починати од Ковид-19, 2.200 заразени

од Aleksandar Petrovski
120 прегледи

Вкупно 2.200 потврдени случаи со КОВИД-19 се регистрирани во Република Србија до 15 часот на 6 април 2020 година. Од последниот извештај до 15 часот, тестирани се примероци од 1.192 лица, од кои 292 се позитивни. Хоспитализирани се 1.197 пациенти. На респиратор има вкупно 101 пациент.

До 15 часот во Република Србија биле тестирани вкупно 8.552 лица кои ги исполниле критериумите за дефинирање на случаите.

За жал, од претходниот извештај, има и уште седум (7) смртни случаи, или вкупно 58. Просекот на нивната возраст е 64,5 и имале коморбидитет, односно неколку други придружни болести кои придонеле за неповолниот исход.