Во Србија од грип досега починаа 24 лица

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Во Србија од грип досега починаа 24 лица, соопшти денеска Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесоа српските медиуми.

grip1

Епидемија е проглаена во три округа во земјата. Меѓу починатите 17 биле на возраст од 35 до 64 години. Голем  дел од нив имале и некакво друго хронично заболување.

Во 14 смртни случаи лабораториски е потврдено присуството на грипот А/Н1/, типот А е регистриран во пет, типот А /Н3/ во три, и типот Б кај дваца починати пациенти./MIA