Во Србија повторно повеќе од 100 новозаболени

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Во последните 24 часа, потврдени се 104 нови случаи на коронавирус во Србија, меѓу 8.397 тестирани примероци. Уште четири лица починаа.

Има 293 пациенти на болничко лекување, а 12 од нив се на апарати за дишење.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 716.562 случаи, од 4.414.477 тестирани примероци, а 7.047 лица починале.

Стапката на смртност е 0,98 проценти.

Слични содржини