Во Србија пристигнале нови 23.000 дози од вакцината Фајзер

од Nikola Popovski
158 прегледи

Редовната испорака на вакцините Фајзер пристигнала денес во Србија, соопштило тамошното Министерство за здравство.

Институтот Торлак во Белград денес примил 23.570 дози од оваа вакцина.

До крајот на вчерашниот ден во Србија биле дадени 2.325.000 вакцини, од кои 920.000 граѓани ја примиле втората доза.

За три дена, во четврток, сабота и недела, во Србија биле вакцинирани повеќе од 22.000 странци, кои допле или на покана од Српската стопанска комора или се регистрирале преку порталот за Е-управа.

Слични содржини