312
Карантинот во Србија е скратен, па наместо 14 дена, ќе трае само 10 дена за заразените со корона, соопштил тамошниот институт за јавно здравје, „д-р Милан Јовановиќ -Батут“.
По истекот на 10 дена, доколку во тој период не се јават симптомите и знаците на болеста, карантинот се прекинува без тестирање.
Датумот на последната изложеност, односно последниот контакт со Ковид-19 е нулта ден.
Во многу земји започнува да се намалува времето во изолација и постепено да не се бројат лицата кои се позитивни на корона, а немаат никакви симптоми.
Ненадејниот скок на новозаболените не мора да доведе до ненадеен скок на бројот на хоспитализирани лица, а се верува дека сојот омикрон предизвикува помалку компликации.