Во Србија започна вакцинација без претходна пријава

од Stefanija Kuzmanovska

Во средата, Србија, со цел да ја забрза кампањата за имунизација против коронавирус, овозможи вакцинирање без претходно пријавување преку државниот е-систем, додека епидемиолошките податоци, со 42 жртви на ковид-19 за 24 часа, не покажуваат значителен пад на нови инфекции, со скоро 8.000 пациенти се на болничко лекување.

Помеѓу вторникот и средата, 42 пациенти ја загубија битката со ковид-19, а од 15.904 тестирани примероци, скоро секој трет беше позитивен и беа потврдени 3.615 нови случаи, објавено е на официјалната веб-страница covid19.rs.

Од денес е можно да се добие вакцината во здравствените домови низ Србија без претходна пријава преку е-системот, а големите точки, како што се саемот во Белград или Нови Сад, се резервирани за вакцинација со покана заснована на претходна пријава.

Поради поповолни услови за чување и употреба, вакцините на „АстраЗенека“ и „Синофарм“ се обезбедени за ненајавена вакцинација.

Само во Белград, отворени се 13 дополнителни пунктови за вакцинација без закажување, објави Секретаријатот за социјална заштита.

Слични содржини