189
За избор на нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе гласаат 163 јавни обвинители. Обвинителството во моментов има 164 обвинители, но на крајот на месецот еден од нив оди во пензија.
Обвинителите за кои се води дисциплинска постапка немаат пречки да се пријават за функцијата шеф на организиран криминал. Тоа не важи за актуелната шефица, Вилма Русковска, бидејќи има статус на суспендирана.
Конкурсот ќе биде објавен в среда на 21 септември, пренесе „Алсат“.
По завршувањето на конкурсот ќе се подготви изборен материјал со имињата на кандидатите.