Пет лица загинаа,и засега исто толку се повредени при страотна сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион која што се случи на автопатот Куршумлија – Прокупље во Србија.
На местото на настанот починале и возачот на автобусот и возачот на камионот и уште двајца патници кои биле јагленосани, а предмалку починала и петтата жртва, тешко повредена медицинска сестра од Прокупље. Таа за жал починала на операциона маса во Клиника.
Се работи за 50-годишната Р.Д. која имала повреди на градниот кош и стомакот.
Автобус на Нишекспрес во еден момент преминал во спротивната лента и удрил во камионот. Автобусот целосно изгорел..
Пожарникарите од автобусот кој горел успеале да извадат шест лица. Сите се тешко повредени и се префрлени во болницата во Прокупље.
Надлежните стравуваат дека бројот на жртвите може да расне.