Во струмичкиот и радовишкиот регион гласањето почна без проблеми

од desk4

Во општините Струмица, Радовиш, Босилово, Василево, Конче и Ново Село сите избирачки места се отворени во 7 часот и засега гласањето тече мирно и без никакви проблеми, информираат од општинските изборни комисии. И гласањето за претседателските и предвремените избори за градоначалник во општина Ново Село поминува во најдобар ред.

Во шесте општини од регионот има запишано 110.168 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на вкупно 192 избирачки места.

Во општина Ново Село за претседателските избори се запишани 11.301 гласачи, а за предвремените избори за градоначалник 11.365. Разликата во бројот на запишаните избирачи во избирачкиот список во Општинската изборна комисија ја објаснуваат со тоа што на изборите за градоначалник се пријавиле да гласаат и избирачи од дијаспората.

Слични содржини