Во светот дадени повеќе од 4,46 милијарди дози на вакцини против коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Досега во светот се дадени повеќе од 4,46 милијарди дози на вакцини против коронавирус, пренесе Андолија.

Ourworldindata.org објавува ажурирани податоци за глобалниот процес на имунизација на коронавирус.

Кина води во имунизацијата, каде беа дадени 1,78 милијарди дози вакцини, потоа Индија со 508,6 милиони и САД со 351,4 милиони дози.

Бразил (153 милиони), Германија (95 милиони) и Велика Британија (86,4 милиони) ја следат листата на земји со најголем број примени дози на вакцини. Со повеќе од 77,7 милиони дози, Турција го зазема деветтото место во светот.

Повеќето вакцини се даваат во две дози, а некои земји, како што е Турција, почнаа да даваат трети дози. Затоа, бројот на дози не одговара на бројот на вакцинирани лица.

Бројот на случаи на Ковид во светот сега изнесува повеќе од 203,15 милиони, додека околу 4,3 милиони луѓе починаа како резултат на вирусот.

Слични содржини