168
Дадени се повеќе од 500 милиони дози вакцини против Ковид-19, кои му даваат надеж на светот кој се соочува со третиот бран на пандемијата, но тензиите растат поради нерамномерната дистрибуција, пренесува Хина.
Вакцинацијата се забрза оваа недела, а 500 милиони дози се употребени во најмалку 164 земји и територии, напишала во саботата агенцијата Франс прес, врз основа на податоците од нејзините записи.
Поради нееднаквоста во пристапот до вакцините, Светската здравствена организација (СЗО) во петокот објави дека веднаш ѝ се потребни десет милиони дози вакцини за да им се помогне на земјите што ги немаат, 20 од нив, па затоа ја повика меѓународната заедница да донира вакцини.