Во тек е изготвување на домашни и меѓународни потерници по поранешниот шеф на Петтата управа, Горан Грујевски и другиот припадник на УБК, Никола Бошковски кои и по повеќе од 12 часа не се достапни за органите на прогонот иако Врховиот суд го потврди притворот за нив.

Ниту нивните адвокати, ниту семејствата не знаат каде се обвинетите. Адвокатот Петар Василев вели кај нив се уште не е стигнато решението за притвор, кое вчера го прати Врховен.
Според последните полициски информации на телевизија 24, Грујевски и Бошковски не ја напуштиле земјава преку легални гранични премини, но засега нема никакв официјални информации од Министерството за внатрешни работи./24 вести