139
На северот на Индија, спасувачите продолжуваат со расчистувањето за да извлечат 40 работници кои се затрупани повеќе од два дена по уривањето на тунел во изградба.
Официјалните лица се надеваат дека операцијата за спасување ќе биде завршена во следните 24 часа и велат дека сите работници се живи и дека храната и водата им се доставуваат преку цевковод, пренесува АП.
Во спасувачката акција учествуваат околу 200 спасувачи со багери и друга опрема.
Тунел се урна во неделата во индиската држава Утаракханд, а владин претставник изјави дека уривањето е предизвикано од лизгање на земјиштето.