„Во тек се жестоки борби“: Газа гори како никогаш досега

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Израелската армија (ИДФ) објави дека продолжува со „жестоките борби“ со оперативците на Хамас во Појасот Газа, како и дека нејзините воздушни сили извеле напади врз повеќе од 250 цели во текот на изминатиот ден, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението се додава дека 7-та оклопна бригада режирала напади врз два ракетни фрлачи кои биле користени во нападите врз централен Израел.

Израелската воздушна одбрана во текот на вчерашниот ден гаѓаше и повеќе позиции на оперативци на Хамас и Исламски џихад, како и инфраструктурата на тие терористички групи, соопшти израелската армија.

Израелската армија пронајде тунел и оружје во близина на училиште во северниот дел на Газа, каде израелската бригада Кфир уби група оперативци на Хамас.

Според израелските одбранбени сили, припадниците на израелската армија пронашле оружје во друго училиште во северниот дел на Газа.

Слични содржини