Во тек спасувачка акција на Галичица за холандски параглајдерист

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасителите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се веќе на планината Галичица и интервенираат за спасување на тешко повредениот холандски параглајдерист.

Од МВР потврдуваат дека спасувачката акција е во тек, но повеќе информации најавуваат по завршувањето на активностите.

Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.

Спасувачката акција за параглајдеристот претходно ја најави и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Слични содржини