Во текот на 2022 година ќе почнат активностите за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце

од Vladimir Zorba
365 прегледи

Во завршна фаза се преговорите со изведувачот „Синохидро“, каде е дефинирано до 31 декември 2023 година да се продолжи рокот за комплетирање на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид, вели во интервју за МИА директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Рокот, појаснува, се пролонгира поради изработка на дополнителна проектна документација (испроектирана во рок од септември 2019-септември 2020) која беше неопходна за завршување на проектот. Врз основа на изработената проектна документација за автопат Кичево–Охрид, наведува Рустеми, се направи анализа за крајниот рок на завршување на работите која се темели на три аспекти и тоа: зголемен обем на работите, реализација на преостанати финансиски средства и решавање на дополнителната експропријација произлезена од дополнителната проектна документација.

Вкупниот прогрес на градежните работи по основниот договор изнесува 90 проценти, а 62 проценти според основниот договор и анекс договорот. Изградбата на автопатот во должина од 57 километри почна во 2014, а по проблемите кои настанаа на трасата првичниот рок за завршување предвиден за 2018 година, со анекс на договорот беше пролонгиран за крајот на месецов.

Рустеми очекува во текот на 2022 година да почнат активностите за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце каде сега се работи на делницата од ГП Блаце до село Блаце во должина од два километра. Физичкиот прогрес на работите изнесува 20 проценти.

-На втората делница од село Блаце до Стенковец се работи на изработка на проектна документација. Очекуваме проектната документација да биде комплетирана до крајот на 2021 година, а Изведувачот на работите да започне во текот на 2022 година, вели Рустеми.

Слични содржини