223
Гувернерот на украинската област Дњепропетровск, Валентин Резниченко, денеска соопшти дека во текот на ноќта биле извршени три ракетни напади врз градот Никопољ.
Тој рече дека биле погодени неколку куќи, градинка, автобуска станица и неколку дуќани. Резниченко не кажа дали во нападите има жртви или повредени.
Никопољ се наоѓа на брегот на реката Днепар, на околу 10 километри низводно од украинската нуклеарна централа во Запорожје, која беше заземена од руските војници на почетокот на март.