Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 82 луѓе, вклучувајќи најмалку 28 деца, додека потрагата по девојчињата што од христијанскиот летен камп влегува во третиот ден. Стравот од нови поплави предизвика евакуациии.
Лери Лејта, шериф на округот Кер, соопшти дека 68 луѓе загинале во поплавите во неговиот округ, што беше најтешко погоден. Од нив 28 се деца. Грег Абот, гувернерот на Тексас, на прес-конференција вчера рече дека на други места во сојузната држава загинале уште најмалку 10 лица, а 41 човек се водат како исчезнати.
Меѓу најтешко погодените е „Мистик“, речиси еден век стар христијански летен камп за девојчиња, од каде уште 11 девојчиња и една советничка се водат како исчезнати.
Поплавата се случи во петокот, на Денот на независноста – 4 Јули, кога реката Гуадалупе, покрај која бил кампот за девојчиња, за 45 минути пораснала за 8 метри и предизвика катастрофални поплави што уништи многу домови и деловни објекти и предизвика евакуации. Многу луѓе се држеле за дрвја чекајќи помош.
Подрајчето на округот Кер, на околу 140 километри северозападно од Сан Антонио, добило врнежи од 38 сантиметри за повеќе од час.
This how quick the water flooded. Absolutely insane! 🤯 #TexasFlood #TexasFloods pic.twitter.com/CdwuYn0Wfq
— Tipsy OT (@STX21) July 5, 2025