Во тепачка момче прободено со остар предмет

од desk2
150 прегледи

На 20 јуни 2019 година во 01,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Цветан Димов“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу неколку лица.

Притоа, на А.Р.(24) му била нанесена повреда од остар предмет и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Исто така приведено е и едно лице, Б.Б. (29), кој бил задржан во Полициската станица Бит Пазар. Се работи на целосно расчистување на случајот.