Во тепачката во Струмица била нападната и девојка: „Хулигани се шетаат со секири и ножеви“

од Nikola Popovski
503 прегледи

Откако денес во центарот на Струмица се случи страшна тепачка, во која беше истепан еден човек, се обрати и девојката која била претходно нападната, пренесува „Струмица денес“.

„После сите реакции од медиумите сметам дека јавно треба да се обратам. Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално, а со нив носеа секири и ножеви, зар тоа да дозволиме да се случува во центарот на градот од хулигани кои шетаат со ладно оружје? Ги повикувам надлежните институцции да застанат во одбрана на вистината. Зашто ако не се спречат навреме следни жртви на насилство ќе бидат нивни ќерки и синови“, напиша девојката.

Денес беше објавено видео на кое се гледа масовна тепачка во центарот на Струмица во која учествувале десетина лица.

Од снимката може да се забележи како неколкумина бркаат еден маж, а потоа со шипки, клоци и боксови го удираат по целото тело додека тој лежи среде улица.

Двајца насилни од групата остануваат со првата жртва и го напаѓаат и продолжуваат со бруталниот напад. Највонезмирувачкиот дел од снимката е кога еден напаѓач доаѓа до легнатата жртва, му ја крева главата и директно го удира во главата додека беспомошниот маж бара помош и лелека.

Слични содржини