Во Тетово средба Ахмети – Бејли: Договорот од 2 јуни да се почитува од сите потписници

од desk3
80 прегледи

1434548308-1428426817-DSC_0861

Политичката криза во Македонија по разговорите во Брисел беше тема на разговор на денешната средба во Тетово меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.

Претседателот Ахмети, информираат од ДУИ, истакна дека договорот од 2 јуни треба да се почитува од страна на сите потписници и оти треба да се прават напори за прецизно спроведување.

– Договорот предвидува зајакнување на институциите, и зголемување на кредибилитетот и интегритетот на системот што е предуслов, но и европски стандард. Партиските лидери треба да се надминат себеси и партијата која ја претставуваат и да започнат да размислуваат за земјата, граѓаните и иднина, порачал Ахмети.

Во врска со објавувањето на прислушкуваните разговори, нагласил, дека останува на истиот став, но додал дека разговорите не смеат да бидат намерно извлечени од контекст и да се опишат непостоечки атрибути бидејќи на тој начин менува суштината и значењето на разговорот.

– Токму ваквото толкување носи сомнеж врз кредибилитетот на процесот кој може да се користи за политички цели, рекол Ахмети.