Во трката за лидерската позиција во СДСМ влегува и Деспотовски

од Берта Китинска
267 прегледи

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.

– Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член на највисоките раководни структури на партијата. Сметам дека имам реални резултати во мојот професионален ангажман така што сметам дека можам да понудам и нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството. Одлуката не е лесна. Предизвикот е голем, времето е доста комплицирано и одговорноста е голема, рече Деспотовски вчера во одговор на прашање на денешната средба со новинарите во Дирекцијата на ТИРЗ.

Деспотовски  бил на серија раководни позиции во партијата а во моментов е прв човек на индустриските зони. По професија е економист со многу познавања во делот на работата со европските пристапни фондови.

Досега четворица кандидати се пријавија за претседател на СДСМ.

Вчера во СДСМ стигнаа три кандидатури на поранешната потпретседателка на партијата Фросина Ременски, на заменик министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски и  Властимир Алексовски кој е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

Инаку, рокот за поднесување на кандидатурите истекува денеска во 16 часот, можност за влез во изборната трка најави и Миле Зечевиќ.

Слични содржини