Во цела земја врне дожд, а на места снег – сообраќајот се одвива по влажни коловози

од desk4
83 прегледи

Низ целата земја врне дожд, додека снег врне во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Павлешници и Кула, информираат од АМСМ.

Поради појава на магла, додаваат оттаму, намалена е видливоста на Плетвар од 50 до 100 метри.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.