Во Центарот за јавно здравје, за само неколку часа се потрошија вакцините против сезонски грип

276 прегледи

Сите дози на број 2000 од вакцините наменети против сезонскиот грип се потрошија за само неколку часа, а чинеа 800 денари.

Ова во изјава за Миа, го посочи директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов, кој додаде дека очекува да се добијат дополнителни 2000 дози.

„80% од категориите граѓаните кои требаше да ги добијат бесплатно вакцините, дојдоа кај нас и ги потрошија. Причината е тоа што во „Мој Термин“ оваа недела им е пополнет терминот и луѓето не сакаат да чекаат, сакаат да си платат и да завршат побрзо работа. Луѓето се исплашени и сакаат да си го заштитат здравјето. И за ризичните и неризичните групи има малку дози. Тоа го има во цел свет. Белгија за еден ден ги потроши. Минатата година 610 вакцини против грип ги фрливме, немаше кому да ги дадеме“, потенцира д-р. Стојанов.

Стојанов повтори и дека годинава има исто така недостиг на маси, ракавици, на вакцини и дека тоа не е само кај нас туку и во целиот свет.

Инаку, денес на пресконференција, министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека од денеска во сите вакцинални пунктови при Здравствениот дом Скопје почнува вакцинацијата со бесплатната вакцина против грип за сите ризични групи. Ова е трета година по ред како обезбедуваме соодветна количина бесплатни вакцини против сезонски грип за ризични групи: граѓани над 65 години, трудници, здравствените работници, деца на возраст до пет години, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на пунктот за брзи тестови во поликлиниката „Јане Сандански“, а по повод отпочнување на вакцинацијата за сезонски грип.

Слични содржини