Во Турција пристигна првиот од неколкуте бродови со жито од Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Првиот од неколкуте бродови што ја напуштија Украина, во согласност со договорот за деблокирање на извозот на жито и спречување на потенцијална глобална криза со храна, пристигна денеска на својата дестинација во Турција, пренесува агенцијата АП.

Бродот „Поларнет“ под турско знаме се закотви на пристаништето Деринце во Измирскиот залив, откако на 5 август тргна од Черноморск со товар од 12.000 тони пченка.

„Ова испраќа порака на надеж до секое семејство на Блискиот Исток, Африка и Азија: Украина нема да ве напушти“, напиша Кулеба на Твитер.

Вкупно 12 бродови добија дозвола за пловидба како дел од договорот за жито меѓу Украина и Русија, кој беше посредуван од Турција и Обединетите нации, при што десет бродови имаа дозвола да заминат, а два се упатија кон Украина.

Украинските пристаништа досега ги напуштиле околу 322.000 тони земјоделски производи, главно пченка, но и сончогледово масло и соја, додава американската агенција.

Слични содржини