Во УЈП тргнаа на работа 101 рамковно вработени, Селами им посака успешна работа

од Берта Китинска
267 прегледи

Заменикот директор на Управата за јавни приходи Абдул – Селам Селами, информираше дека денеска 101 лице, вработени во јавната администрација по Рамковен договор почнуваат со работа во Управата.

-Од денес 101 лице, вработени во јавната администрација по Рамковен договор почнуваат со работа во Управата за јавни приходи. Станува збор за прераспределба на вработените по програмата К-5 од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, административци кои секако земаа плата но за нив досега немаше работно место.  Како заменик директор на УЈП, сакам да ја искористам оваа можност да им посакам на сите вработени здравје, добар почеток и успешна работа во извршувањето на задачите и обврските дадени според работното место. Да се биде дел од тимот на УЈП е чест и привилегија, но исто така и висока, морална и општествена одговорност, правилно и правично да им служи на граѓаните на Северна Македонија, напиша на Фејсбук Селами.

Слични содржини