Руски ИТ стручњак и генерален директор на една од најголемите платформи за трговија со криптовалути Павел Лернер, киднапиран е во Киев.

Според тамошните медиуми, Лернер престанал да одговара на телефонските повици на 26 декемрви.
„Програмерот последен пат е виден во моментот кога непознати лица во темни костуми го одвезуваат во непознат правец во мерцедес“, пишуваат медиумите.
Лернер (40) кој е руски државјанин, има неколку стратапи во Украина кои се занимаваат со криптовалути и технологијата блокчејн. Исто така, директор е на британска платформа за трговија со криптовалутата Екмо.