Во Украина убиен соработник на италијански весник, ранет негов колега

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Украински новинар кој работел како локален соработник на италијанската „Република“ е убиен од снајперски истрел на југот на Украина, а неговиот италијански колега е ранет, објави денеска весникот.

„Нашиот дописник Корадо Зунино и неговиот колега Богдан Битик беа нападнати во заседа од руските сили во предградијата на Херсон, на југот на Украина“, пишува весникот.

„За жал, Богдан Битик не преживеа, а Корадо, кој беше ранет во рамото, е примен во болница во Херсон“, додава „Република“.

Слични содржини