Во урнатините во Турција пронајдени се 16 тела на млади одбојкари

од Radmila Tasevska
159 прегледи

Премиерот на Северен Кипар денес потврди дека од урнатините на хотелот „Исијас“ се извлечени телата на 16 одбојкари.

Екипите на млади одбојкари броеја вкупно 39 лица.

„Ги пронајдовме телата на уште четири наши деца кои беа членови на колеџот Фамагуста Мариф за време на претресот и оваа операција беше спроведена во урнатините на хотелот Исиас. Со оваа загуба, вкупниот број на жртви на граѓаните на Северен Кипар е 16“, се вели во соопштението.

Досега е потврдена смртта на 19 лица од овој хотел, оваа информација ја пренесе весникот Хуриет.

Идентитетот на сите загинати сè уште не е утврден, а спасувачката екипа на Северен Кипар веќе е на местото и помага во потрагата.

Слични содржини