333
Во водите на Вардар кај скопското село Огњанци е пронајдено тело, најверојано на машко лице.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера во 11.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Огњанци, во водите на реката Вардар, било пронајдено тело, најверојатно на машко лице. Телото било извадено од реката и предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Се работи на расчистување на случајот.