Во Велес лани имало помалку кривични дела

од Vladimir Zorba
82 прегледи

   На територија на Велес минатата година се регистрирани 476 кривични дела, информираат од СВР Велес.

Како што појасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, тоа е помалку за 141 кривично дело спореден со 2016, а кога биле регистрирани 619 кривични дела.

Во 2017 година до обвинителството биле поднесени 269 кривични пријави  што е за 53 помалку споредено со 2016 кога биле поднесени 322. Воедно лани имало 328 регистрирани сторители во СВР, што е исто така, помалку споредено со 2016 година кога биле 407.

– Најголем дел од кривичните дела биле во областа на класичниот криминал 438, во економскиот криминал биле 21,а во организираниот криминал две,а во недозволена трговија 15,информира Додевски